Тешка сообраќајна несреќа кај Велес- има многу повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случила кај железничкиот премин блиску старата фабрика Порцеланка кај Велес. Локалниот портал tirekovmirece.com на нивната Facebook страна сподели статус кој информира за несреќата.
„Железничко превозно средство на железнички патен премин Порцеланка удира во патничко комбе. Досега во Болница превезени 12 повредени лица. Патничкото комбе превезувало патници од Велес за Село мелница. Повеќето повредени се од ова село… Повеќе информации подоцна“, пишуваат во нивната објава.

