Бугарскиот филм кандидат за „Оскар“ тргнува во премиерна турнеја
По седум фестивалски учества, четири награди и топлиот прием на Киноманија, филмот на Зорница Софија – „Мајка“, оди на премиерна турнеја.
Публиката во шест бугарски градови ќе го има задоволство да ја преживее оваа автентична приказна, инспирирана од реалниот живот на една Бугарка и нејзината борба да ја претвори траумата од неможноста да има свои деца во триумф на еден поинаков тип на „родителство“ .
Турнејата почнува на 7 јануари со проекција во Варна. Следуваат Бургас – 8, 9 – Пловдив, 12 – Перник, 13 – Благоевград, 14 – Велико Трново. Жителите и гостите од овие градови ќе имаат можност лично да се сретнат со Дарија Симеонова која ја толкува главната улога на Елена, со режисерката Зорница Софија – а во Пловдив и со Елена Панајотова, чија приказна послужила за идеја за филмот, инаку родена во градот под тепетата.
Филмот ќе почне да се прикажува во кино салите во Бугарија од 13 јануари.

