Доц. д-р Спас Ташев: Во периодот по Втората светска војна огромен дел од македонската емиграција води борба против политиката на градење македонска самосвест
Наративот на Скопје во моментот е дека доколку имаме проблеми во односите меѓу двете земји, тие проблеми се меѓу државата Република Бугарија и државата Република Македонија. Информацијата во оваа книга, покажува нешто сосема друго, станува збор за еден внатрешномакедонски конфликт. Ова го изјави доц. д-р Спас Ташев за бугарската телевизија Скат, каде ја претстави својата најнова книга „Борбите на македонските Бугари за права и независност 1944-1994“.
Ташев е дециден дека огромен дел од општеството или македонската емиграција, која живее во слободниот свет по Втората светска војна, води борба против политиката на градење на македонска етничка самосвест.
„Огромен дел од општеството во Северна Македонија или емиграцијата од Македонија, што живее во слободниот свет, води борба против политиката на градење на македонска самосвест. Да, тоа се случува по Втората светска војна, кога било очигледно дека Бугарија нема никакви шансови за какво и да било национално обединување“, вели доц. д-р Ташев.
Тој истакна дека кога го подготвувал насловот на книгата, бил во контакт со главниот уредник на весникот „Македонска трибуна“, а исто така и со поранешни главни уредници на весникот и тие инсистирале на секоја цена во насловот на книгата да биде присутен зборот независност.
„Поради таа причина насловот на книгата е „Борбите на македонските Бугари за права и независност“. Во тој период борбата е за независна Македонија, нејзиното разделување од титовистичка Југославија, но со еднакви права за сите етнички групи. Во документите децидно е посочено дека бугарската етничка група е најголемата и таа на практика го формира културниот изглед на територијата на денешна Северна Македонија“, објаснува доц. д-р Ташев.
Повеќе за книгата „Борбите на македонските Бугари за права и независност 1944-1994“ погледнете во видеото што следи:
