| |

Награди за граѓанска доблест за бугарските волонтери во Турција и Сирија

Поранешниот претседател Петар Стојанов заедно со инициjaтивен комитет го најавија второто издание на наградите за граѓанска доблест и човечка добрина „Серафим“. Овој пат наградите ќе им бидат доделени на бугарските волонтери, кои учествуваа во спасувачките акции по земјотресот во Турција и Сирија на 6 февруари.

Кон крајот на минатата година во првото издание на наградата „Серафим“ беа одликувани Бугарите кои ги поддржаа украинските бегалци од војната.

Досега за второто издание се номинирани 78 граѓани и организации. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 10 април во Нов бугарски универзитет.

Ќе бидат доделени четири статуетки – големата награда „Серафим“, награда за спасувачи, награда за организација и награда за донатори.

„Нашата цел е само една. Да се ​​обидеме што повеќе да ги популаризираме посветеноста, херојството и емпатијата на овие луѓе. Мислиме дека луѓето кои помогнале во првиот случај, кои помагаат и сега во вториот случај во земјотресите во Турција и Сирија, немаат потреба од нашата благодарност, сето тоа го направиле поттикнати од внатрешен импулс. Тие не беа охрабрени или поттикнати од нас да го сторат тоа, но мислиме дека сѐ што направија е навистина граѓански подвиг“, рече Петар Стојанов, претседател на Бугарија (1997-2002).

Слични Објави