Бугарскиот ДФ „Земјоделство“ додели 213 милиони лева помош за земјоделците до крајот на 2023 г. поради војната во Украина
До крајот на годинава бугарските земјоделци ќе добијат помош од 213 милиони лева поради војната во Украина – одлучи бугарскиот Државен фонд „Земјоделство“. Државната помош, одобрена од Европската комисија на 24 март, ја поддржува ликвидноста на земјоделците за надминување на негативното економско влијание на руската агресија врз Украина.
Од овие средства 102 милиони лева се наменети за сточарскиот сектор, а производителите на овошје и зеленчук ќе бидат обештетени со 111 милиони лева.
Максималниот износ на парична помош е до противвредност од 250.000 лева по претпријатие чија дејност е во секторот примарно производство на земјоделски производи. Фондот „Земјоделство“ и Министерството за земјоделство треба да подготват насоки за давање помош.

