КОНЗЕРВАЦИЈА НА ПРЕДМЕТИ ОД АНТИЧКАТА ЗБИРКА НА НАРОДНИОТ МУЗЕЈ – ВЕЛЕС

Во Народниот музеј во Велес во тек е реализација на проектот за „Конзервација на предмети од античката збирка“ …

Стручните лица од оваа институција во рамки на проектот кој се одвива во неколку фази, интензивно работат на заштита и конзервација на предметите откриени за време на археолошките истражувања на локалитетите Кале – Стари Град, Кале – Згрополци и Кале – Отовица. Со проектот планирано е да бидат опфатени 445 предмети изработени од глина, стакло и метал со тоа што најголем дел од наодите се откриени на археолошкиот локалитетот Кале – Згрополци и кои во голема мера го рефлектираат делот од сакралниот аспект на живеење на овој локалитет. Конзервацијата на предметите кои се дел од античката збирка на Музејот потекнуваат од III век п.н.е. – VI век н.е

Целта на проектот со кој раководи вишиот кустос-археолог д-р Анита Василкова Мидоска, е научна обработка, презентација и публикација на предметите пред стручната и научната јавност, а дел од нив како дел од археолошката поставка на Музејот за првпат ќе бидат соодветно претставени и пред пошироката публика.

 

Слични Објави