Две деца примија трикафта, белодробната функција им е подобрена
Две пациентки со цистична фиброза, Стефанија (13) и Хатиџе (15), во четвртокот го примија лекот Трикафта на Клиниката за детски болести.
Министерот за здравство, Демири вели дека пет дена по примањето на лекот белодробната функција им е подобрена, модуларната терапија дава брз ефект.
„Ме информираа дека сега животот им е поубав. Подобро дишат, имаат зголемен апетит и задоволни се што почнаа да го примаат лекот кој живот значи. Среќен сум што ги враќаме насмевките кај пациентките, но и кај нивните родители. Чест ми е што денеска имав можност да ги запознаам и да поразговарам со Стефанија и Хатиџе. И државата и Министерството за здравство се грижат за пациентите со цистична фиброза“, вели Демири.
Досега, 32 пациенти имаат примено трикафта кои етапно се вклучуваат на терапија.
Лекот е безбеде, одобрен од Европската медицинска агенција и ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив.
