| |

ИВО САНАДЕР ОСУДЕН НА 2,5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВОЕНО ПРОФИТЕРСТВО

Поранешниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ, Иво Санадер денеска беше осуден на 2,5 години затвор поради воено профитерство.  Од 1994 година до 1995 година, за време на војната, Санадер како преговарач со „Хипо“ Банка за купување на зграда на амбасада, наместо во интерес на Хрватска, а во намера прибави за себе имотна корист, договорил банката како противуслуга да му исплати пет отсто од договорениот заем од седум милиони шилинзи кои му ги исплатила на 4 јануари 1995 година, рече судијата Јасна Галешиќ. Оваа пресуда е прва пресуда за воено профитерство, рекла Галешиќ.



Слични Објави