(Видео) Душко Крстевски: Алек Попов е писател, кој навистина ќе ѝ недостасува на литературата
Во сите негови дела имаше изобилство на хумор, иронизирање, алудирање, пародирање, самиот се потруди во современата бугарска литература да остави еден печат кој што на некој помодерен начин успева повторно да ја воскресение и повторно да ја искритикува т.н бајгањовштина. Ова пред порталот Трибуна го изјави преведувачот и просветен работник Душко Крстевски во однос на прерано починатиот голем бугарски писател Алек Попов.
,,Во една од моите анегноти кажувам дека ние тука и не го знаевме кога тој ( Алек Попов) беше познат во Ерменија и Молдавија. Тој е еден писател кој навистина ќе и недостасува на литературата, затоа што имаше многу нови идеи, разговара ме за некои други планови да соработуваме, но луѓето планираат Господ се смее”, изјави Крстевски пред порталот Трибуна.
Погледнете ја целата изјава на познатиот македонски преведувач во видеото што следи:
