КОМИСИЈАТА ПРЕПОРАЧА ДО СОБРАНИЕТО НА ГРУЕВСКИ ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ ПРАТЕНИЧКИОТ ИМУНИТЕТ
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот заради мерка притвор на Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер. На седницата на Комисијата не присуствуваа членовите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска попладне се очекува да се одржи седницата на која парламентот ќе одлучува. Доколку гласаат 61 пратеник официјално имунитетот на Груевски ќе биде одземен со што судот ќе може да му одреди притвор во шестте предмети на СЈО.
