|

Одбележуваме 121 година од гибелта на војводата на ВМОРО Парашкев Цветков

На 21-ви мај 1903 г. во битолското село Могила херојски загинува војводата на ВМОРО – ПАРАШКЕВ ЦВЕТКОВ. Роден е во Плевен, 1875 г. Учел во Софија, а после работел како учител. Потоа заминал за Прага, каде што студирал филозофија. Покасно отишол во Дрезден, каде што завршил музички конзерваториум со одличен успех. По дипломирањето се враќа во родниот град и станва учител по музика во гимназија. Во 1902 г. заминува за Македонија и станал професор во Бугарската гимназија во Битола. Влегува во ВМОРО уште истата година и станува реонски војвода. На Смилевскиот конгрес П. Цветков, заедно со Георги Сугарев и Никола Русински, е делегат на битолскиот реон и секретар на конгресот. Член е и на Горското начелство во Смилевскиот реон. Четата на П. Цветков, во која што биле и Дедо Андреј Петров и секретарот на четата Димитар Филдишев од Охрид, заминува за Битолско, за да се приготват за предстојното востание. На 20-ти мај 1903 г. четата од 20 души пристига во село Могила. Следното утро, по стар стил 8-ми мај се обколени од турски аскер така што во престрелката Параскев Цветков е ранет и за да не попадне во плен, се самоубива. Умират уште 8 негови четници, а други 8 се спасуват.

“Под наслов „Сред ужасите“ специалниот кореспондент на в. „Журнал“ од 3. VI 1903 г. Лудвик Нодо меѓу другото пишува: „Од сето кое го видов во Македонија, најдлабок впечаток ми направи борбата во селото Могила… Врвевме по огромното поле, на кое што се наоѓа Битола и веќе бевме близу до градот, кога зачувме неколку топовски грмежи, придружени од неколку истрели од пушки. Нема сомнение: тоа ќе е судир на некоја чета со Турци.

Со влегувањето во селото научив, дека пред 2 дена една чета од 80 комити наоружена со пушки манлихери, влегла во селото да бара храна. Издадена од шпион, четата била заобиколена од 300 души турски војници. Додека последните ја заградувале куќата, комитите знаејќи ја судбата што ги очекува, запеале патриотски песни, чијто припев ја слави смртта на оние, кои се жртвуват за слободата. Се заврза лут бој… Како контраст на тие безформени лешови, наблизу лежеше телото, речиси нечепнато на еден маж. Очевидно, тој бил фрлен од колата, со која бил пренесен и паднал во неверојатна положба – со рацете вкрстени како за последен ревносен повик. Главата му беше прекрасна, глава на образован, или поскоро глава на интелигентен човек и артист. Ми кажаа дека се тие смртните остатоци на професорот по музика во Бугарската класична гимназија во Битола, по име Параскев Цветков. Ни една рана не ја огрдуваше јасната убавост на тој покојник. Најневерниот човек би коленичел пред него и јас чувствував една безумна желба да извикам: „О, несреќнику, немаш ли вдовица, сестра, пријател, кој што да дојде да се прости со тебе?“

Треба секој да признае, дека тие јуначки луѓе се бореле за слободата – тие, осумдесет се држеле цели 36 часа против 300 Турци. Тие не се разбојници, ниту злосторници, ниту дивјаци, но… интелигентни, образовани луѓе, представници на моралната сила на земјата, во се’ слични на нас и кои што се жртвувале за една возвишена идеја. Ако тоа, кое што тие го извршиле, така што ја прегрнале смртта и паднале сите до еден, без да помислат да се предадат, не се нарекува хероизам, тогаш јас не можам да ги разберам смислата на тие зборови.“

ПАРАСКЕВ ТОДОРАКИ ЦВЕТКОВ, Царевна Миладинова

Слични Објави