|

Хамас ја поздрави одлуката на Шпанија, Ирска и Норвешка да ја признаат Палестина: Важен чекор кон независна држава

Палестинскиот Хамас, кој управува со Газа, денеска ја поздрави одлуката на Ирска, Шпанија и Норвешка да ја признаат Палестина како држава, соопшти групата на Телеграм.

„Ги поздравуваме најавите на Норвешка, Ирска и Шпанија дека ја признаваат државата Палестина и сметаме дека тоа е важен чекор кон потврдување на правото на палестинскиот народ да создаде независна држава“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Одлуката беше поздравена и од палестинските власти, кои имаат ограничена контрола врз Западниот Брег. Претходно, и генералниот секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Хусеин ал Шеик, ја поздрави одлуката на Норвешка, Шпанија и Ирска, велејќи дека тоа е „историски момент“.

„Ова се историски моменти во кои слободниот свет триумфира, за вистината и правдата, по долги децении палестинска национална борба, страдање, болка, окупација, расизам, убиства, репресија, злоупотреба и уништување, на кои е изложен народот на Палестина. “, рече Ал Шеик на платформата X (Твитер).



Слични Објави