|

Напад во трговски центар во Израел: има повредени

Терористички напад се случи денеска во трговски центар во израелскиот град Кармиел на северот на земјата.

„Ерусалим пост“ пренесува дека итната помош соопштила дека две лица се ранети со нож и дека едното од нив, кое е на околу 20 години, е во несвест и е во критична состојба.

Се вели дека терористот влегол во трговскиот центар.

Идентитетот на напаѓачот се уште не е познат – изјави портпаролот на полицијата.



Слични Објави