Ле Пен: Нашата партија има сериозни шанси за апсолутно мнозинство во парламентот
Лидерката на француската десничарска партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен денеска изјави дека нејзината партија има „сериозни шанси“ за апсолутно мнозинство во францускиот парламент и ги повика граѓаните да гласаат на изборите во недела.
„Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание“, изјави Ле Пен за „CNews“, иако анкетите покажаа дека таквото сценарио е помалку веројатно, пишува Гардијан.
Во првиот круг од изборите, кој се одржа на 30 јуни, РН освои околу 34 отсто од гласовите.

