Во Пловдив ќе се одржи поворка под наслов „Со Украина во срцето!“
Денеска во Пловдив ќе се одржи мирен марш под наслов „Со Украина во срцето!“, јавува БГНЕС.
Поворката ќе тргне во 18 часот и 30 минути од дом „Левски“ на главната улица, а ќе заврши на Централниот плоштад во 19 часот. Организатор на настанот посветен на 33-та годишнина од независноста на Украина е фондацијата на Наталија Елис. Таа заедно со децата и жените кои пристигнаа во Пловдив поради војната во Украина, отвори и одржува „Втор дом“ во поранешната белодробна болница.
