Јотова: Би сакала да ги повикам моите колеги од Република Северна Македонија да ги читаат европските вредности со поголемо разбирање
„Би сакалa да ги повикам моите колеги од Република Северна Македонија да ги читаат европските вредности со поголемо разбирање, бидејќи тогаш, кога ќе започнат вистинските преговори за пристапување во ЕУ, постои едно главно прво поглавје – а тоа е насловено „Основни права“ Овие главни права минуваат низ целиот преговарачки процес и ако има барем една земја која верува дека не се почитуваат човековите права, особено оние на претставниците на различни нации и народи, овој процес никогаш нема да заврши“. Ова го рече потпретседателката Илијана Јотова во Ќустендил за време на тркалезната маса под наслов „Бугарите на Балканот надвор од границата по 1878 година. Кодексот на опстанокот“, јавува БТА.
На настанот, кој се одржува под покровителство на потпретседателката, се приклучија и претставници на бугарските заедници од Албанија, Грција, Косово, Романија, Турција, Србија и Северна Македонија.
„Не гледајте на вашата денешна средба како презентација на научен проект, тоа е само повод и сакам да предложам да биде прв на овие теми, но не и последен“, рече потпретседателката. Таа посочи дека до овој момент е направена многу работа, се разговарало за многу проблеми, се барале решенија, а целта била бугарските заедници да го имаат своето вистинско место во странство, да уживаат почит од локалните и националните власти, да ги имаат сите оние права кои им се загарантирани во Европа.
„Агресијата, не само вербалната, е непростлива, и тоа тогаш кога насилството крие тврдоглава, но длабоко погрешна теза и уште повеќе неисполнување на веќе преземените меѓународни обврски. Веројатно ќе погодите дека се работи за еден од нашите западни соседи – Република Северна Македонија, за која, за жал, последниве години – наместо добрососедство – ова е парадокс, но факт е, наместо потпишан договор и негово спроведување, кое го носи гласното име „Добрососедство“, како да одиме во спротивна насока Неподносливо е кога една земја ќе се помири со непочитувањето на човековите права, со газењето на правото на изразување, да кажуваш што си и од каде доаѓаш и од кое потекло“, рече Јотова. .
Таа посочи дека, во однос на нашите соседи, Бугарија никогаш немала таков јазик. „Бугарите никогаш не биле воспитувани да ги ругаат своите соседи, да имаат претензии – територијални, јазични, културни и така натаму, така што многу се надевам дека наскоро тоа ќе стане факт во земјите што не опкружуваат“, додаде таа.

„Ние Бугарите сакаме Република Северна Македонија, чие самоопределување како држава. први го направивме во цела Европа, да напредува посигурно во нејзината европска интеграција. Ова е можно само кога се почитуваат меѓународните ветувања и се напушти јазикот на омразата“, додаде потпретседателката.
Јотова го коментираше и примерот со една од министрите во актуелниот кабинет во Република Северна Македонија, која се потсмеваше со нејзиното поседување бугарско државјанство. „Јас лично ги видов нејзините документи и декларација, лично потпишана од неа, во која таа наведува дека има бугарско самосвест и потекло“, рече Јотова.
Проектот, кој беше претставен денеска во Ќустендил, ги истражува бугарските заедници на Балканот од минатото до денес, истакнувајќи ги современите проблеми и перспективи. Предводник е проф. Борјана Бужашка од Универзитетот за библиотечни науки и информациски технологии со учество на професори од високообразовната институција и истражувачи од Институтот за историски студии во рамките на Бугарската академија на науките.
