ЕУ со нова операција против тероризмот
Агенцијата за обезбедување на надворешните граници на Европската Унија, „Фронтекс“, започна операција во Средоземното Море, со главна цел откривањето на терористички закани. Здружената операција „Темида”, именувана по грчката божица на правдата, почнува во централниот дел на Средоземното Море.
Бродовите на Фронтекс освен со спасување на мигрантите од бродовите за шверц на луѓе, ќе се вклучат и во собирањето на „разузнавачки податоци и други мерки насочени кон откривање странски борци и останати терористички закани на надворешните граници на Европа“.
Операцијата ќе се одвива во територијалните водите на Алжир, Тунис, Либија, Египет, Турција и Албанија.
