| |

Радев: Со Јотова ќе продолжиме да работиме за Бугарија

Патот на Бугарија надвор од внатрешните и меѓународните кризи бара трезвено оценување на предизвиците и систематски дејствија на институциите во одбрана на националните интереси. Потребен е и непоколеблив поглед на бугарското општество за работата на секој кој носи одлуки, врши административни назначувања, доделува јавни средства и спроведува политики, предодредувајќи ја иднината на нашата земја.

Ова утрово на социјалната мрежа Фејсбук го објави бугарскиот претседател Румен Радев. Повод за неговата објава е годишнината од неговото преземање на функцијата претседател на републиката заедно со потпретседателката Илијана Јотова.

Бугарскиот народ е обединет во инсистирањето на враќање на чувството за праведност и достоинствена иднина и тоа е насоката што треба да ја следи секоја институција. Со потпретседателката Илијана Јотова ќе продолжиме да работиме за Бугарија, додава претседателот.

Слични Објави