| |

Бугарскиот премиер Желјазков пристигна на состанокот „Мир и безбедност за Украина“

Бугарскиот премиер Росен Желјазков пристигна во Париз, каде на покана на претседателот Емануел Макрон ќе учествува на состанокот „Мир и безбедност за Украина“, јавува БГНЕС.

На состанокот во Париз присуствуваат лидери од цела Европа, како и меѓународни партнери како Канада и Турција. Главната цел на форумот е координација на поддршката за Украина и дискусија за чекорите за постигнување праведен и траен мир.

За време на средбата Бугарија ќе ја потврди својата посветеност на принципот дека ништо поврзано со иднината на Украина не може да се решава без нејзино учество и дека за безбедноста на Европа не може да се разговара без активната улога на европските земји. Премиерот Росен Желјазков ќе нагласи дека безбедноста во регионот на Црното Море е клучна за стабилноста на евроатлантскиот простор.

Слични Објави