Караџов за Коридор 8: Николоски раскажува македонски приказни за добра ноќ
Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни за добра ноќ, коментира заменик-премиерот и министер за транспорт на Бугарија Гроздан Караџов во врска со изјавите на неговиот колега од РСМ дека Бугарија не прави ништо за Коридорот 8, пренесува БГНЕС.
„Ние го испративме договорот и каде е Николоски да го потпише?“, праша Караџов во интервју за БНТ и продолжи: „Додека Николоски ги кажуваше овие бајки, возот помина низ Перник, низ Радомир и стигна до Ќустендил, а оттаму до последната станица во Ѓушево, чекајќи ја македонската страна“.
Тој потсети дека Бугарија проектира 90% сосема нова линија помеѓу Радомир и Ѓушево за да се зголемат лаковите на кривините, што ќе овозможи брзина на возовите од 160 км/ч.
„Кога ќе дојдеме до 2032 година со брзина на возовите од 160 км/ч, ќе ги прашаме од другата страна дали ќе има тунел или не“, додава Караџов.
