| |

Росен Желјазков: Одлуката на ЕК и ЕЦБ е повод за гордост за Бугарија

Бугарија официјално ги исполни критериумите за членство во еврозоната, потврдија денеска Европската комисија и Европската централна банка, што бугарскиот премиер Росен Желјазков го нарече „повод за гордост“ за бугарското општество, јавува БГНЕС.

„Со многу труд, лишувања и трпение, бугарските граѓани постигнаа нешто што многу други не успеаја – стекнавме доверба и позитивна оценка од европските институции“, изјави Желязков.

Тој нагласи дека воведувањето на еврото ќе биде постепено, со јасен акцент на стабилност, транспарентност и спречување на злоупотреби со цените. Владата веќе работи заедно со трговците, синдикатите и бизнисот за да обезбеди правилна транзиција.

Очекувањата се Бугарија формално да стане членка на еврозоната на 1 јануари 2026 година, по одлуките на Европскиот парламент и Советот на ЕУ на 8 јули. Како пример за позитивниот ефект од еврото, Желјазков ја посочи Хрватска, каде куповната моќ порастнала за 10% во само две години по воведувањето на единствената валута.

Слични Објави