| |

Еден живот, преточен во зборови – Јанка Селими на 90 години

Еден живот опкружен со книги, зборови и мудрост – така може да се опише патот на истакнатата преведувачка Јанка Трифонова Селими, која и денес, на 90-годишна возраст, продолжува да го предизвикува времето со својата страст и посветеност кон литературата, јавува БНР.

Јанка Селими е родена во 1935 година во Бугарија. Студирала руски јазик на Московскиот универзитет, а потоа долги години работела како преведувач во Радио Тирана, во бугарската редакција. Исто така предавала руски и бугарски јазик на Тиранскиот универзитет. Нејзината библиографија вклучува бројни преводи на автори како Стефан Цанев, Јордан Јовков, Блага Димитрова, Бојан Биолчев и Александар Томов. Од 2019 година е дел од преведувачката мрежа TRADUKI, а на албански ги пренесе и делата на странски автори, меѓу кои „Гранд хотел“ од Ренато Баретич и „Децата на Хансен“ од Огњен Спахиќ.

Овој специјален јубилеј, Јанка Селими го одбележува со ново издание на романот „Природен роман“ од бугарскиот автор Георги Господинов, книга што ја има преведено на албански пред повеќе години, а сега повторно пристигнува до читателите во современа форма благодарение на издавачката куќа „Папирус“ (Papirus).

Сам Георги Господинов ѝ упати сречен роденденски поздрав на Јанка преку Facebook:

„Јанка Селими, на фотографијата, која пред години го преведе ‘Природен роман’ на албански, ја слави својата 90-годишнина со новото издание на романот! Нејзината ќерка, преведувачката Милена Селими, го продолжи делото и ги преведе ‘Физика на тагата’, ‘Времескривница’, наскоро и ‘Градинарот и смртта’, покрај други книги од наши автори. Да сте живи и здрави! Среќен јубилеј, драга Јанка!“

Личноста на Јанка Селими е вистинска инспирација за сите што веруваат дека љубовта кон книжевноста не знае за возраст. Нејзиниот придонес во областа на преводот и литературата придонесе за зближување на културите и популаризација на современата бугарска книжевност меѓу албанските читатели.



Слични Објави