|

Пожарот над селото Илинденци сѐ уште активен, припадници на бугарската армија се на терен два хеликоптера се подготвени за интервенција

Продолжуваат активностите за гаснење на шумскиот пожар над селото Илинденци во планината Пирин, јавува Министерството за одбрана на Бугарија. Дваесет припадници на Третата бригадна команда од Благоевград со четири специјализирани машини од рано утро се на терен и заедно со пожарникари, шумски службеници и доброволци вложуваат напори за целосно локализирање на огнот.

Екипажите на два воени хеликоптера AS-532 AL Cougar од 24-та авио-база во Крумово се во готовност да се вклучат во гаснењето, по барање на Главната дирекција за противпожарна заштита и заштита на населението.

Слични Објави