|

Поранешниот директор на Шутка Филип Андов: „Никогаш не сум го прекршил законот“

Поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов, се најде на обвинителна клупа заедно со седуммина затворски полицајци, обвинети за злоупотреба на службената положба и несовесно работење. Според обвинението, во периодот од март до јуни 2024 година, на петмина осуденици им било дозволено да се движат надвор од затворот — до нивните домови или други приватни локации — иако не им следувале такви погодности.

„Во моето три и пол годишно раководење со затворот во Шутка, никогаш не сум го прекршил Законот за извршување на санкциите,“ изјави Андов, бранејќи го својот интегритет и додавајќи дека затворските полицајци работеле чесно и професионално.

Судското рочиште беше одложено за да се овозможи на одбраната да изврши целосен увид во доказниот материјал.

Слични Објави