| |

Трамп го нарече Си „голем лидер на голема земја“ за време на нивната средба во Јужна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази пофалби за својот кинески колега Си Џинпинг, кого го нарече „пријател“, за време на нивната средба на самитот во Јужна Кореја, пренесе „Си Ен Ен“, јавува БГНЕС.

„Голема чест е да бидам со мојот пријател – навистина, веќе подолго време“, изјави Трамп, седнат спроти Си, нарекувајќи го „истакнат и почитуван човек“ и „голем лидер на голема земја“.

Двајцата лидери разговарале за трговските односи и можностите за нови договори, откако нивните тимови неодамна одржаа разговори за економска соработка.

Си Џинпинг возврати со признание за улогата на Трамп како миротворец, но нагласи дека е нормално двете водечки економии да имаат разлики. Тој повика на „стабилно управување со големиот брод на кинеско-американските односи“ и изјави дека развојот на Кина оди „рака под рака со визијата на Трамп да ја направи Америка повторно голема“.

Си му се заблагодари на Трамп за неговиот придонес во постигнувањето на примирјето во Газа и за улогата во мировниот договор меѓу Тајланд и Камбоџа.



Слични Објави