| |

Областниот центар за бугарска култура во Болград дел од „Винфест 2025“

Областниот центар за бугарска култура во Болград се вклучи во четиринаесеттото издание на винскиот фестивал „Винфест 2025“, соопшти тимот на Центарот на неговата официјална страница на Фејсбук, пренесе БТА. Годинава настанот се одржа на централниот плоштад во Болград и ги обедини произведувачите на вино од Украина и од странство, како и мајстори на деликатеси од месо, различни видови сирење, леб и други печива подготвени по стари традиционални рецепти.

Во рамките на фестивалот, Областниот центар за бугарска култура заедно со Областниот центар за гагаузка култура подготвија заедничка етнографска изложба со елементи на декоративно-применетата уметност, која го претстави колоритот и самобитноста на двете култури. Од Центарот информираа дека голем интерес меѓу посетителите привлекле рачно изработените кукли во народен стил.

Областниот центар за бугарска култура во Болград е основан на 10 декември 1997 година. Институцијата е насочена кон одбележување на традиционалните и националните празници на бугарскиот народ, како и кон просветителска, научно-методичка и културно-истражувачка дејност. Негова мисија е популаризирањето на бугарската култура и јазик и зачувувањето и оживувањето на бугарските традиции, ритуали и обичаи.



Слични Објави