| |

Добра вест: Состојбата на бугарската сноубордерка Малена Замфирова се подобрува

Состојбата на бугарската сноубордeрка Малена Замфирова значително се подобрува по тешкиот инцидент на 3 март за време на Светскиот куп во Шпиндлерув Млин, соопшти заменик-министерот за здравство на Бугарија доц. Михаил Околијски, пренесува Bulgaria On Air.

Таа беше удрена од скијач за време на натпревар, по што следувале неколку операции, вклучително на бутната коска и лопатката. „Состојбата ѝ се подобрува значително и нема скинати лигаменти или менискуси“, изјави Околијски по разговор со нејзиниот татко.

Според нејзиниот татко и тренер Анатолиј, се очекува таа најрано во септември да може да оди без помош, а лекарите се надеваат на целосно закрепнување.



Слични Објави