|

МВР со засилени контроли на мотоциклисти, мопеди и е-тротинети во рамки на европската акција на ROADPOL

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 02 до 07 јуни 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли.

Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила со две тркала, односно мопеди, мотоцикли и е-тротинети како едни од најзагрозените учесници во сообраќајот во делот на користење на соодветна заштитна опрема, техничка исправност, право на управување и одговорно возење со почитување на сообраќајните правила и прописи, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди, велат од МВР.

„Имајќи предвид дека, се наоѓаме во период кога поради топлите денови овие возила интензивно учествуваат во сообраќајот, сообраќајната полиција ќе презема засилени контроли со превентивно-репресивни мерки на патиштата низ целата држава.

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат кон зачувување на сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот“, соопштува МВР.

 



Слични Објави