|

Пет лица од Тетово ја изгубија битката со ковид-19 – Нуредини: Невакцинираните се убиваат и себе и другите

Шефот на ковид центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини за Фактор истакна дека денеска имаат многу приеми, а информира и за 5 починати пациенти, меѓу кои и една млада жена.

„Во тетовскиот ковид-центар се лекуваат вкупно 124 пациенти. За жал, од вчера наутро до денеска утринава имаме пет починати пациенти, меѓу кои млада 39-годишна жена. Кај нема има историја на ендокринолошка состојба, станува збор за тироидната жлезда, но мора да потенцирам дека нејзината претходна здравствена состојба е целосно контролирана и без никакви проблеми. Донесена е со сатурација 45, во исклучително тешка состојба и за жал по неколку дневно лекување во болницата, почина. И последните петмина починати се невакцинирани пациенти“, вели д-р Нуредини.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави