| |

МНР на Бугарија: Преземени се дипломатски, правни и медицински активности во случајот со Ива Михајлова од Кочани

Министерството за надворешни работи објави позиција по повод емитувана репортажа на Бугарската национална телевизија поврзан со инцидент со бугарската државјанка Ива Михајлова од Кочани. Преку позицијата МНР на Бугарија ја информира јавноста за чекорите што се преземени во врска со овој случај.

Во прилог позицијата на МНР на Република Бугарија:

Министерството за надворешни работи е информирано за инцидентот со бугарската државјанка Ива Михајлова, откако таа кон крајот на март 2026 година се обрати за помош до Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Преку дипломатското претставништво беа преземени неопходните активности за разјаснување на случајот. Врз основа на тоа и во рамките на програмата за правна помош за бугарската заедница, бесплатно беа обезбедени услугите на еден од најдобрите адвокати во Северна Македонија, со што беа поддржани напорите за обезбедување целосна правна заштита на г-ѓа Михајлова.

Беше организиран транспортот на документацијата од извршените медицински прегледи на г-ѓа Михајлова до Софија, и нивното разгледување во водечка бугарска здравствена установа. Со поддршка на Министерството за здравство беше издаден документ потребен за приложување пред судот во Северна Македонија, со кој се потврдува потребата од лекување на г-ѓа Михајлова и можноста тоа лекување да се спроведе во Бугарија.

Прегледот на расположливата документација поврзана со случајот отвора прашања во однос на степенот до кој биле испитани и споредени сите релевантни факти и околности во рамките на постапката, вклучително и информации и сведочења кои би можеле да ја побијат или да ја доведат во сомнеж тезата на обвинителството.

Воедно, Судот во Кочани ѝ ја изрече на г-ѓа Михајлова најлесната мерка за обезбедување присуство во постапката, а во досегашните одбивања да ја измени таа мерка индиректно укажа кои документи би биле потребни за повторно разгледување на одлуката. Се очекува повторно поднесување на барање до судот, придружено со документацијата обезбедена од бугарска страна, при што очекуваме истото да биде разгледано во најкус можен рок.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи внимателно да го следи развојот на случајот и, во рамките на своите надлежности, да ја обезбедува потребната помош и поддршка за г-ѓа Михајлова.

Слични Објави