| |

Здружението Балкански мост од Битола со осуда за палењето на автомобилите со дипломатски ознаки пред бугарската амбсада во Скопје

Најостро го осудуваме палењето на возилата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите вандалски и насилни дејствија се неприфатливи во едно демократско и европско општество и претставуваат директен удар врз принципите на добрососедството, меѓусебната почит и владеењето на правото, стои во реакцијата на граѓанското здружение Балкански мост, по палењето на двата автомобила со дипломатски ознаки пред бугарската амбасада во Скопје.

„Особено загрижува фактот што ова не е изолиран случај, туку доаѓа по претходни напади и вандалски акти насочени кон бугарската амбасада и бугарската заедница во Република Северна Македонија.

Очекуваме надлежните институции брзо и ефикасно да го откријат сторителот, да го изведат пред лицето на правдата и да преземат мерки за целосна заштита на дипломатското претставништво, нивниот имот, како и општо за сите припадници на бугарската заедница. Насилството, омразата и уништувањето никогаш не смеат да бидат средство за политичка или општествена порака.

Во духот на европските вредности, потребно е јасно отфрлање на сите форми на нетолеранција, говор на омраза и насилство“, стои во реакцијата на Балкански мост.



Слични Објави