| |

Бугарија со најниска невработеност во ЕУ во мај 2026 година

Бугарија во мај 2026 година забележа најниска стапка на невработеност во Европската унија – 2,9%, покажуваат податоците на Евростат, пренесе БГНЕС.

Во еврозоната невработеноста остана непроменета на 6,2%, а во целата ЕУ се задржа на 5,9%. Во мај без работа биле 13,163 милиони лица во ЕУ, од кои 10,986 милиони во земјите од еврозоната.

Во споредба со април, бројот на невработени се намалил за 40 илјади во ЕУ и за 55 илјади во еврозоната. На годишно ниво, невработените се за 82 илјади помалку во ЕУ и за 158 илјади помалку во еврозоната.

По Бугарија, најниска невработеност имаат Чешка и Малта, додека највисоки стапки се регистрирани во Шпанија и Финска. Младинската невработеност во ЕУ благо порасна на 15,2%, додека во еврозоната остана 14,7%.



Слични Објави