|

Метео предупредување: Утре локално невреме со пороен дожд и грмежи

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд над 15 литри на квадратен метар, ветер со брзина над 60 километри на час и услови за краткотрајно невреме проследено со град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а максималната од 22 до 34 степени, јавува УХМР.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината се можни краткотрајно невреме, пообилен дожд и појава на град. Температурата ќе се движи од 16 до 30 степени.

Од недела до средината на следната работна седмица се очекува стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен северен ветер, а во наредните денови умерен до засилен северен ветер.

 



Слични Објави