Студентскиот ансамбл на ЈЗУ „Неофит Рилски“ Благоевград ја претстави бугарската фолклорна традиција во Јапонија
Студентскиот фолклорен ансамбл на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ ја претстави бугарската танцова традиција во Јапонија, каде учествуваше во одбележувањето на 70-годишнината на Јапонската национална федерација за фолклорни танци во градот Химеџи, јавува БТА.
Во рамките на турнејата, ансамблот одржа концерт, два самостојни настапи и научно-практичен семинар посветен на традиционалните бугарски ора. Повеќе од 500 учесници на семинарот покажале интерес кон бугарската танцова традиција.
Меѓународната турнеја е дел од одбележувањето на 50-годишнината на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ и 30 години од основањето на Студентскиот фолклорен ансамбл.
