БНБ: Директните странските инвестиции во Бугарија до крајот на мај надминале 2,28 милијарди евра
Директните странски инвестиции во Бугарија до крајот на мај 2026 година достигнале 2,28 милијарди евра, покажуваат прелиминарните податоци на Бугарската народна банка.
Тоа е за 1,74 милијарди евра, односно повеќе од четирикратно зголемување во споредба со истиот период во 2025 година, кога биле вложени 535,3 милиони евра. Инвестициите од јануари до мај изнесуваат 1,8 отсто од прогнозираниот бруто-домашен производ на земјата.
Само во мај нето-приливот достигнал 254 милиони евра, наспроти 258,9 милиони евра во мај 2025 година. Сопственичкиот капитал изнесувал 227 милиони евра, додека нето-инвестициите на странски лица во недвижности биле негативни и изнесувале 2,4 милиони евра.
Нето-директните инвестиции на Бугарија во странство во првите пет месеци изнесувале 3,2 милиони евра, наспроти 54,1 милион евра една година претходно. Централната банка предупреди дека податоците се прелиминарни и може да бидат ревидирани.

