Бугарин е ѕвездата на францускиот бадминтон
Бугаринот Тома Џуниор Попов стана првиот француски натпреварувач во поединечна конкуренција што стигнал до финале на турнир од највисоката категорија „Супер 1000“, јавува БГНЕС.
Во финалето, 27-годишниот Попов загуби од шестиот светски рекет, 36-годишниот Чоу Тиен-чен.
„И покрај неизбежното разочарување, кога ќе ги погледнеме турнирот и целокупната слика, билансот е целосно позитивен“, изјави Попов. Негов најголем претходен успех во поединечна конкуренција беше титулата на турнир од категоријата „Супер 300“ во 2021 година.
Резултатот доаѓа неколку недели пред Светското првенство во Индија и го потврдува подемот на францускиот бадминтон. Том Жикел и Делфин Делриу освоија турнир од категоријата „Супер 1000“ во мешани двојки, Алекс Лание триумфираше на турнир од серијата „Супер 750“, а помладиот брат на Тома, Христо Попов, го освои Отвореното првенство на Јапонија.
„Трајно влегуваме во елитата на светскиот бадминтон“, оцени Попов.
Тома Џуниор Попов е роден во Софија на 29 септември 1998 година. Негов татко и тренер е поранешниот натпреварувач Тома Попов, а во машки двојки најчесто настапува со братот Христо.

