| |

АА: ДАЛИ НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА ОД УЧЕСНИЦИТЕ ВО „ДИВО НАСЕЉЕ“ СЕ ЕГЗЕКУТИРАНИ И ШТО МОЖЕЛЕ ДА ОТКРИЈАТ?

„Вчера режимот ВМРО-ДУИ со цел дефокусирање на вниманието на јавноста од скандалите на таканаречените бомби, го монтираше случајот Куманово, а денес новиот режим на СДСМ и ДУИ со истата цел и за дневни политики со исти механизми на фаќање на судството, ги потврди невидените казни во Нирнбершкиот процес“, реагираат од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, откако Апелациониот суд ги потврди казните за осудените во предметот „Диво насеље“.

Од АА прашуваат дали е вистина дека била издадена наредба за егзекуција на најмалку двајца учесници во конфликтот откако тие се предале. Од Алијансата прашуваат уште, „што можеле да откријат овие линчувани лица?“, итн.?“.

Од партијата на Села повторно повикаа на меѓународна истрага за случајот.

Слични Објави