| |

Просечната бруто-плата во Бугарија достигна 1.444 евра

Просечната бруто-месечна плата во Бугарија во вториот квартал од 2026 година достигнала 1.444 евра, што е зголемување од 9,8 отсто во однос на истиот период лани, покажуваат прелиминарните податоци на Националниот статистички институт, пренесува БГНЕС.

Највисоки просечни плати во вториот квартал имале вработените во секторот информации и телекомуникации – 3.079 евра, по што следуваат финансиските и осигурителните дејности со 2.140 евра и енергетскиот сектор со 2.036 евра.

Најниска просечна плата е регистрирана во хотелиерството и угостителството – 918 евра. Платите во приватниот сектор на годишно ниво пораснале за 11,5 отсто, додека во јавниот сектор растот изнесувал 4,8 отсто.



Слични Објави