| |

Ликовната уметница Сандра Стоименова ќе учествува на фестивалот „Икар“ во Белград

Босилеградската ликовна уметница Сандра Стоименова ќе учествува на Меѓународниот фестивал на акварелот „Икар“ 2026, кој ќе биде отворен на 31 август во Галеријата на Домот на воздухопловството „Икар“ во Земун, Белград, јавува Гласпрес.

Стоименова ќе се претстави со акварелот „Кирена“, инспириран од старогрчката митологија. Делата, посветени на стремежот кон слободата, храброста и надминувањето на границите, ќе ги оценува меѓународно жири.

Фестивалот го организира IWS Serbia и обединува уметници од повеќе држави. Нивните дела ќе бидат објавени и во дигиталниот каталог на манифестацијата.

Стоименова е дипломирана ликовна уметница која работи во акварелна и маслена техника. Досега учествувала на конкурси и изложбени проекти во Франција, Италија, Албанија, Индија, Русија, Перу, Полска и Бангладеш.



Слични Објави