Бугарската Заменик-министерка Иванка Ташева се сретна со швајцарскиот амбасадор во Бугарија, Пјер Хагман: Проширување на трговската и економската соработка и поттикнување на инвестициите
По повод 110-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Бугарија и Швајцарија, заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија, Иванка Ташева, и амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Бугарија, Пјер Хагман, го истакнаа значењето на добрите односи меѓу двете земји и изразија подготвеност и натаму да ги развиваат.
„Бугарија и Швајцарија имаат долгогодишно партнерство со докажани резултати. Важно е да продолжиме да ја развиваме нашата соработка и на билатерално ниво и во рамките на односите со Европската Унија“, изјави Ташева.
Меѓу главните теми на разговорот беа можностите за проширување на трговската и економската соработка и за поттикнување на инвестициите. Ташева ја нагласи улогата на економската дипломатија и на редовните контакти меѓу институциите и деловниот сектор во привлекувањето нови швајцарски инвестиции во Бугарија.
Како области со значителен потенцијал за продлабочување на партнерството, Ташева и Хагман ги издвоија и иновациите, високите технологии, науката и научните истражувања. Како пример за успешна соработка го посочија Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии (INSAIT), основан во 2022 година во партнерство со швајцарските технолошки институти во Цирих (ETH) и во Лозана (EPFL).
На средбата стана збор и за резултатите од Швајцарско-бугарската програма за соработка, која ги поддржува стратешките реформи во Бугарија во пет клучни области. Ташева позитивно ги оцени досегашните резултати и нагласи дека е важно бугарската влада да продолжи да работи на целосно спроведување на програмата.
Ташева и Хагман разменија мислења и за актуелни прашања од европската агенда, меѓу кои и односите меѓу Европската Унија и Швајцарија. Тие истакнаа дека стабилноста и предвидливоста на овие односи се важни за развојот на европската соработка и за спроведувањето на заедничките иницијативи.
