Бугарскиот културен центар „Булгарика“ во Чикаго одбележува 12 години од основањето
Бугарскиот културен центар „Булгарика“ во Чикаго, САД, денеска, 6 ноември, ќе ја одбележи 12-та годишнина од своето основање со свечена прослава во банкетната сала „Олив Палас“ во Маунт Проспект, Илиноис, соопштија организаторите на Фејсбук, пренесува БТА.
Прославата ќе започне во 19 часот по локално време и ќе трае до полноќ. Во програмата ќе настапат танцовиот ансамбл „Булгарика“ и децата од неговата танцова школа.
Специјална гостинка ќе биде Виолета Спаскова од „Грик С Денс“ во Лондон, која ќе претстави традиционални грчки танци.
Според организаторите, настанот има цел да обедини претставници на различни култури и да ја промовира бугарската традиција во САД.
Децата од танцовата школа и Бугарското неделно училиште „Булгарика“ ќе имаат бесплатен влез, а средствата собрани од прославата ќе бидат наменети за поддршка на нивните образовни и културни активности.
