| |

Mинистерката за надворешни работи на Бугарија, Петрова: Бугарија е солидарна со Полска, им посакуваме брзо закрепнување на повредените

Бугарија е солидарна со Полска, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова, по вчерашното пукање во полскиот град Краков, во кое беа убиени шест лица, пренесува Actualno.com.

Таа им изрази сочувство на својот полски колега Радослав Шикорски и на народот на Полска.

„Нашите мисли се со семејствата на загинатите, а на повредените, вклучително и на полицајците кои го запреа напаѓачот, им посакуваме брзо закрепнување“, напиша Велислава Петрова на Икс.

Нападот беше извршен во саботата попладне во реонот на Главниот пазарен плоштад во центарот на Краков. Полицијата соопшти дека напаѓачот со својот автомобил влетал меѓу луѓето на плоштадот и почнал да пука низ прозорецот кон случајно избрани лица со долгоцевно оружје.

Во нападот беа убиени шест лица, а 16 се повредени, меѓу кои двајца полицајци и самиот напаѓач.

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека три лица биле пронајдени мртви во домот на напаѓачот. Подоцна полицијата информираше дека станува збор за неговиот 53-годишен татко, 52-годишната мајка и 20-годишната сестра.

Слични Објави