Дакота Дичева и Никола Дипчиков ќе одржат бесплатен ММА-семинар во Софија
Професионалните ММА-борци Дакота Дичева и Никола Дипчиков ќе одржат заеднички семинар на 25 ноември, од 13 часот, во Lonsdale Boxing Club во Софија, објави sportal.bg. Тренингот е отворен за сите заинтересирани, а учеството е бесплатно.
Дичева, која е непоразена во 16 професионални ММА-борби, е британска спортистка со бугарски корени. Нејзината мајка Лиза Хауард е поранешна светска шампионка во карате, муај тај и кикбокс, а татко ѝ Иво Дичев е од Самоков, Бугарија.
Светската шампионка на PFL во мува категорија за 2024 година ќе биде и специјална гостинка на настанот MAX FIGHT 67, кој ќе се одржи на 28 ноември во Бургас.
