„Пастир“, првиот бугарски игран филм за свети Јован Рилски, од 20 ноември во кината во Бугарија
Првиот бугарски игран филм за животот на свети Јован Рилски, „Пастир“, беше прикажан на свечена премиера, објави Бугарската национална телевизија (БНТ). Од петок, 20 ноември 2026 година, филмот ќе се прикажува во кината низ Бугарија.
Инспириран од житијата на светецот, филмот го прикажува неговиот живот во Бугарија кон крајот на IX век, од детството до одлуката да стане пустиник. Годинава се одбележуваат 1.150 години од неговото раѓање и 1.080 години од неговото упокојување, рече на премиерата Миладин Гергов од БНТ.
„Ова е филм за секого. Човек не мора да биде религиозен за да го разбере изборот на Јован“, изјави режисерката Милена Андонова.
Сценариото го напишаа Милена и Невена Андонови, а главната улога ја толкува Дејан Жеков. Филмот е во продукција на филмската куќа „Провентус“ и БНТ, со поддршка од бугарскиот Национален филмски центар.
