ПРОМОВИРАНА ТОПКАТА ЗА ЕВРО 2020 – ЌЕ ЈА ШУТИРААТ ЛИ НА ЛЕТО ПАНДЕВ, ЕЛМАС, БАРДИ…?

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја промовираше новата топка за претстојното Европско првенство кое ќе се одржи низ цела Европа, под името „Унифорија“, која го симболизира европското обединување преку фудбалот, сооглед дека првпат во историјата ќе се игра во 12 градови на Стариот континент.

Идејата на Мишел Платини, бишвиот прв човек на УЕФА да се одбележи 60-годишнината од континенталниот шампионат се оствари, па Македонија и покрај загубените евроквалификации, кои завршуваат месецов со последните два меча во циклусот (Австрија на гости и Израел дома), останува со шанси преку плејофот во Лигата на нации да се избори за пласман на собирот на сите европски ѕвезди и да оствари историски успех.

Пред македонските фудбалски репрезентативци предводени од капитенот Горан Пандев, потоа бисерот Елиф Елмас, па Енис Барди, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Аријан Адеми е шанса да ја шутираат на лето низ стадионите на Стариот континент, но ќе треба токму во март идната година да го покажат најдоброто од себе за таков историски настап.

„Кога ја дизајнираме топката секогаш сакаме да ја одразиме културата на земјата домаќин, духот на улиците, а тоа што го видовме од градовите домаќини е дека заедништвото и обединетоста е тоа што менува. Евро 2020 е голема шанса да ја покажеме обединетоста и шанса спортот да го покажеме дека спојува луѓе, идеи, креативност“, велат од „Адидас“

Евро 2020 стартува од „вечниот град“ Рим на 12 јуни, а ќе заврши на лондонски „Вембли“, кој е домаќин на двете полуфиналиња и завршниот меч за европската титула, која ја брани Португалија. Шампионатот ќе се одржи и во Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Минхен и Санкт Петербург.

Извор: Спорт1

Слични Објави