ЗИДАН СИ ГО КАЖА СВОЕТО: ГВАРДИОЛА Е НАЈДОБИОТ ТРЕНЕР НА СВЕТОТ
Предводникот на шпанскиот фудбалски гигант – Реал Мадрид, Зинедин Зидан, на прес-конференцијата пред дуелот на „кралскиот клуб“ против Атлетик Билбао, изјави дека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер на светот.
Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите треба да игра со Манчестер Сити на чија клупа седи Гвардиола, па Зидан беше прашан и што очекува од двомечевите со тимот на некогашниот играч и тренер на Барселона.
Без сомнение, за мене Пеп е најдобриот тренер на светот. Ќе биде посебно повторно да се сретнеме после пауза од неколку сезони. Тој повеќе пати покажал дека е најдобар, каде и да работи, освојува трофеи, истакна Зидан.
Извор: Спорт1

