|

ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА ВО РУСИЈА, ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ

Шест лица се повредени при пад на воениот хеликоптер МИ-8 во регионот Краснојарск, соопшти денеска руското Министерството за здравство.

„Две лица беа оперирани, другите четири се на преглед“, велат од Министерството, додавајќи дека, иако се во критична состојба, нивните животи не биле загрозени, пренесува ТАСС.

Хеликоптерот Ми-8, кој припаѓа на компанијата „Красавија“, летал од Бајкинт до нафтеното поле Јарубченској и во моментот на несреќата имало 21 патник и тројца членови на екипажот.

Несреќата се случила кога за време на полетувањето хеликоптерот влегол во снежна бура и притоа ги оштетил опашката и роторот.

Компанијата „Красавија“ вели дека специјална комисија го истражува инцидентот.

Извор: Макфакс

Слични Објави