Изгласан законот за употреба на јазиците
Со 64 гласа ЗА, ниту еден глас ПРОТИВ и без воздржани, пратениците во Собранието на Република Македонија го донесоа Законот за употреба на јазиците. Во напната и тензична атмосфера заврши седницата, на која опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се приближија до претседателот на Собранието, Талат Џафери, барајќи од него да не се гласа законот. Најжесток меѓу нив беше поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој истури вода врз масата на собранискиот спикер и цело време му го исклучуваше микрофонот.
