ВО ИТАЛИЈАНСКАТА „ЦРВЕНА ЗОНА“ НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ, КАРАНТИНОТ ДАВА ЕФЕКТ
Две недели откако првите 10 града во северна Италија беа прогласени за „црвена зона“ и ставени во карантин, нема нови заразени, рече италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо за Би-би-си, пренесува МКД.мк. Тој вели дека карантинот дава ефект.
Ова потоа послужило како модел за заострување на мерките низ целата земја.
Во Италија сега се забележани вкупно 1.016 смртни случаи, како и вкупно 15.111 заразени. Службениците на цивилната заштита велат дека 1.258 оздравеле, иако бројот на заразените во цела Италија е зголемен за 2.651 од средата. Италија е најтешко погодена земја во светот по Кина.
„Италија беше првата нација во Европа што е погодена толку лошо“, рече Ди Мајо. „Но се надевам дека исто така значи дека Италија ќе биде првата што ќе ја надмине вонредната состојба“.
Целиот напис прочитајте го овде.

