ВКУСНИ КОЛАЧИЊА ОД БАНАНА И ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ
Состојки (за околу 10-15 колачиња):
- 2 зрели банани
- 100-150gr овесни снегулки
Подготовка:
- Изгмечете ги бананите добро, потоа додадете ги овесните снегулки.
- Добро соединете ја смесата со помош на вилушка.
- Во тава ставете хартија за печење.
- Направете топчиња од смесата и распоредете ги во тавата.
- Печете ги 15 минути на 200 степени додека не поцрвнат.
На здравје!
